Данскиот тренер Томас Франк веќе не е менаџер на Тотенхем, објави официјално лондонскиот клуб.

Франк го презе Тотенхем летоска и со клубот се пласираше во првите осум од Лигата на шампионите, но во Премиер лигата Тотенхем е очаен, има само 29 бодови и се наоѓа на 16-тото место, на граница на испаѓање од лигата.

Тотенхем во 2026 нема ниту една победа во Премиер лигата, што го исцрпи трпението на управата на клубот.

Томас беше именуван во јуни 2025 и решивме да му дадеме време и поддршка за заедничка изградба на иднината, но резултатите и играта на клубот доведоа до тоа Управниот одбор на Тотенхем да заклучи дека е потребна промена на тренерската позиција во оваа фаза од сезоната, се наведува во соопштението на Тотенхем.

Слични новости

Дебакл на италијанскиот фудбал

Дебакл на италијанскиот фудбал

Италија е на пат оваа сезона во Лигата на шампионите да доживее незапаметен дебакл, затоа што лесно може да се случи во осминафиналето да нема ниту еден претставник.