Во финишот на преодниот рок англискиот премиерлигаш Тотенхем ја комплетираше позајмицата на 19 годишниот Матис Тел од Баерн Минхен.

Тој доаѓа во Тотенхем на позајмица, но со опција да биде откупен за 60 милиони евра. Интерес за овој напаѓач имаше и од Арсенал, но Тотенхем беше поконкретен во понудата за Тел.

Во соопштението на Тотенхем се наведува дека изразуваат задоволство што потпишаа договор со Матис Тел за позајмица од Баерн Минхен. Тој ќе го носи бројот 11, се вели во соопштението на Тотенхем.

 

Слични новости

Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс

Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс

Голема размена се случи во американската професионална кошаркарска НБА лига, во која учествуваа три клуба, а беа разменети седум играчи и уште седум избори на драфтот, а најголемото име што го промени клубот беше „Ол-стар“ бекот Де’Арон Фокс, кој премина од Сакраменто Кингс во Сан Антонио Спарс