Том Холанд по четврти пат го игра ликот на Спајдермен во најновиот филм на Сони и Марвел „Спадермен: Нов ден“. На премиерата на филмот во Лос Анџелес актерот Том Холанд изјави дека не очекува ова да биде неговата последна улога на Спајдермен и дека би сакал да го игра ликот, се додека студијата му ја нудат улогата.

Холанд рече дека со Сони и Марвел се како едно смејество, веќе 10 години ги снимаат Спајдермените и дека тој ужива да го игра ликот на Питер Паркер.

Според првите реакции на публиката на социјалните мрежи новиот Спајдермен ќе биде голем хит. Светската премиера на филмот е закажана за 31 јули.

 

Слични новости

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Британскиот актер Гери Олдман изјави дека продуцентите веќе имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд и дека тој се надева оти тоа ќе биде Џек Лауден, неговиот партнер во шпионската серија „Бавни коњи“