Германскиот тренер Томас Тухел ќе остане селектор на фудбалската репрезентација на Англија, откако денеска потпиша нов договор до 2028, пренесе фудбалскиот сојуз на Англија. Досегашниот договор на германскиот стручњак истекуваше по претстојното Светско првенство во фудбал.

Челниците на англискиот фудбалски сојуз реагираа по успешната квалификациска кампања, но и интересот на Манчестер јунајтед да го нагажира Тухел, откако беше отпуштен Рубен Аморим.

Тухел, како што пренесуваат медиумите, изразил задоволство што ќе ја води Англија на Европското првенство во 2028 што ќе го организираат Англија, Шкотска, Велс и Ирска.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено