Напаѓачот кој во неделата се обиде да влезе на вечерата на дописниците од Белата куќа е обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Министерството за правда на Соединетите Американски Држави.

Осомничениот, 31-годишниот Кол Томас Ален од Калифорнија, се соочува и со две федерални обвиненија – употреба на огнено оружје при извршување насилно кривично дело и транспорт на оружје и муниција преку државни граници со намера за извршување тешко кривично дело.

Доколку биде осуден Ален би можел да се соочи со доживотна затворска казна. „Тој се обиде да го убие претседателот на САД, Доналд Џ. Трамп“, изјави обвинителката Џоселин Балантин.

Слични новости

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона