На вчерашните избори во Унгарија опозициската партија Тиса на Петар Маѓар е спектакуларен победник, откако според првичните резутати на изборната комисија освои дури 138 места од 199-те места во парламентот и самата ќе има двотретинско мнозинство. Партијата Фидес на досегашниот премиер Виктор Орбан освои само 55 пратенички места и доживеа изборен дебакл.
Вчерашните избори во Унгарија имаа елемент на плебисцит против досегашната власт во земјата, бидејќи на изборите излегоа речиси 80 насто од избирачите. Орбан веднаш го призна поразот по објавувањето на првичните резултати, а граѓаните на Унгарија излегоа на улиците да прославуваат.
Победникот на изборите, Петер Маѓар, поранешен лојален соработник на Орбан, кој водеше кампања против корупцијата и за секојдневни прашања како што се здравствената заштита и јавниот превоз, вети дека ќе ги обнови односите на Унгарија со Европската Унија и НАТО – врски што беа нарушени под Орбан.
Европските лидери му честитаа на Маѓар со порака дека Унгарија ја одбра Европа.
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен напиша дека Унгарија се врати на европскиот пат. Унијата стана посилна, а европското срце чука посилно во Унгарија.
Големата победа на Петер Маѓар и на неговата централно-десничарска партија Тиса на изорите во Украина значи дека новата влада ќе има чист мандат и одврзани раце да спроведе реформи, да го зајакне владеењето на правото и со тоа да одмрзне милијарди евра од Европската унија наменети за земјата, пишува Ројтерс.
Економистите и политичките аналитичари се согласни дека било најпосакувано сценарио и за ЕУ и за меѓународните пазари ако опозицијата добие двотретинско мнозиство.
Унгарските избори беа сметани за најважни за пазарите во Европа оваа година, со оглед дека евроскептичниот Орбан често се судираше со Брисел за време на 16-годишното владеење, на разни теми, од имиграцијата до блискоста со Русија.
Слични новости
Нафтата скокна за 8 долари по барел по конфликтот на Блискиот исток
Американската сурова нафта се зголеми за околу 8 долари за барел, или 12 проценти и таа сега изнесува околу 75 долари за барел. Цената на нафтата Брент пак скокна на 82 долари за барел.
Орбан и Фицо на заеднички фронт поради руската нафта
Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави консултаци со словачкиот премиер Роберт Фицо поради блокадата на транзитот на нафтата низ нафтоводот „Дружба“...
Следната рунда преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби
Украинскиот претседател Володијмир Зеленски изјави дека следната рунда преговори со Русија „најверојатно“ ќе се одржи во Абу Даби на почетокот на март.


