Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките, да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат.

„Ние веќе работиме со редовни програми на нашите клиники, и така ќе продолжиме. Денеска зборувавме и за тоа. Бидејќи повеќето пациенти се од Кочани, тим од пластични хирурзи ќе бидат во Кочани, ќе одат таму да видат за што има потреби, за да интервенираат кога треба. Штипската болница веќе има четири пластични хирурзи. Ќе бидеме во комуникација, ќе им дадеме поддршка, за да не патуваат пациентите, туку нашите доктори да одат и да им дадат помош која што е потребна во фазите кои се пред нас“, изјави денеска Таравари, одговорајќи на новинарско прашање, во врска со пациентите кои се лекуваат на клиниките, по трагичниот настан во дискотеката во Кочани.
Како што напомена, на дел од пациентите ќе им потребна рехабилитација во траење од две недели, а на некои можеби и месеци.
„Ќе размислуваме за опциите за тие кои што ќе останат и ќе бидат на подолгорочно лекување. Веќе размислуваме кои се можните опции“, додаде Таравари.
Слични новости
Рокас: Мора да градиме добрососедски односи базирани на доверба
Ги знаеме фактите кои почнуваат од јули 2022 и овој Договор и заклучоците на Советот го обликуваат патот напред за Преговарачката рамка и за приемот во ЕУ. Ова е преземена обврска и од Северна Македонија и од ЕУ, еднакво. Истовремено мислам дека треба да сфатиме дека ова е значаен момент на шанса за ЕУ проширување. И морам да кажам дека јас сум уверен и силно верувам дека штом ова прашање се затвори, Северна Македонија ќе го забрза темпото, изјави вечерва евроамбасадорот Михалис Рокас.
Земјата е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво
На седницата се расправаше за актуелната безбедноста состојба во Македонија, со посебен акцент на активностите за спречување на радикализацијата, насилен екстремизам и тероризам
Во куќен притвор остануваат двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Апелација ги отфрли жалбите
Апелациониот суд во Штип, информира дека денеска на нејавна седница, постапувјаќи по повод изјавените жалби од осомничениот Ратко Димитровски и од ОЈО Кочани против решението на Основен суд Кочани со кое мерката притвор на осомничениот Димитровски е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, донел одлука со која жалбите се отфрлаат како недозволени, а уважена е само жалбата на Димиторвски на определената мерка на претпазливос