Иако беше фаворит за добивање на наградата БАФТА за главната улога во филмот „Марти Суприм“  Тимоти Шаламе изненадувачки ја загуби наградата во ЛОндон од Роберт Арамајо за филмот „Се колнам“.

Синоќа, на доделувањето на актерските награди во Холивуд, Шаламе го претпре и вториот пораз во низа, откако актерската награда му беше врачена на Мајкл Б. Џордан за улогата во филмот „Грешници“.

Годинашниот фаворит на Оскарите „Една битка по друга“ исто така доби разочарувачки само една награда и тоа на Шон Пен за споредна машка улога. Шон Пен не беше присутен на свеченоста за да ја прими наградата.

Филмот беше номиниран во дури 7 категории за освојување на актерските награди.

Слични новости

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Продуцентите на серијата „Lowdown“ во кастот на втората сезона го додадоа Оскаровецот Томи Ли Џонс, кој ќе им се придружи на Итан Хоук и Бети Гилпин. Засега не се објавуваат детали за ликот на Томи Ли Џонс во серијата.