Тикток се враќа на американскиот пазар. Апликацијата соопшти дека „е во процес на враќање на сервисот“ откако новозибраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе потпише извршен указ со кој се одлага забраната за Тикток во САД.
Популарниот видео ап стана недостапен за Американците во саботата вечер, поради одлука на судот со кој се забранува Тикток во САД, поради субверзно дејствување во корист на Кина.
Трамп рече дека не би сакал Тикток да исчезне од пазрот во САД, но им порача на сопствениците во Кина дека би сакал Америка да има 50 проценти удел од Тикток во САД.
Тикток му се заблагодари на Трамп за дадените гаранции и порача дека е тоа добра вест за 170 милиони американски корисници и 7 милиони мали бизниси кои заработуваат од Тикток. Компанијата порача дека ќе соработува со претседателот Трамп за долгорочно решенија што ќе му озвоможи на кинескиот ап да остане на пазарот во САД.
Слични новости
И Битлси и Стоунси добитници на Греми
Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес
Кање Вест и Бјанка Сенсори исфрлени од Греми наградите поради непристојна облека
Раперот Кање Вест и австралиската манекенка Бјанка Сенсори кои се брачен пар, биле исфрлени од полицијата од овогодинешното доделување на наградите...
Дог Мен најгледан филм викендов на Бокс офисот
Анимираниот филм на Дримворкс Анимејшн и Универзал „Дог Мен“ е на првото место на американскиот Бокс офис со освоени 35 милиони долари.