Одисеја на Кристофер Нолан викендов е втор на американскиот Бокс офис со заработка од 16,4 милиони долари, со што вкупната заработка од продажба на кино билети на Одисеја во САД стигна до 588 милиони долари.
Глобално филмот заработи околу една милијарда и шестотини милиони долари, и е комерцијално убедливо најуспешниот филм на Кристофер Нолан.
На Бокс офисот шеста недела по ред царува Спадјдермен со заработка од 22 милиони долари викендов.
Од новите филмови по;на да се прикажува „Со сите средства“ на режисерот Елеганс Бретон со Марк Волберг. Филмот има солидни оценки од критиката но во премиерниот викенд заработи само 7 милиони долари во САД.
Слични новости
На Берлиналето во 2027 документарец за концертни настапи на Дејвид Боуви
Иконата на рок музиката, починатиот Дејвид Боуви се враќа на Берлинскиот филмски фестивал. Режисерот Брет Морган, кој има номинација за Оскар за документарен филм, во Берлин ќе ја има светската премиера на „Стејџ“ нови материјали за концертните искуства на Дејвид Боуви.
Славниот ирански режисер Јафар Панахи осуден на пет години затвор во Иран во отсуство
Јафар Панахи престојува во Иран, судот ја донел пресудата во негово отсуство и таа е дел од новите пресуди против иранските политички активисти, но дека сеуште не е затворен.
ХБО снима адаптација на славниот трилер „Птици“ од Алфред Хичкок од 1963
Сценариото е адаптација на приказната на Дафне ду Мориер, која беше подлога и за сценариото на филмот на Хичкок. Гглавната улога во серијата и е доверена на австралиската актерка Сара Снук која се прослави во хит серијата на ХБО „Наследниците“.


