Белгискиот голман Тибо Куртоа наскоро ќе потпише нов договор со Реал Мадрид. Шпанските спортски медиуми известуваат дека Реал Мадрид и Куртоа постигнале конечен договор за продолжување на соработката, откако голманот влезе во последната година од актуелниот договор.

Куртоа ќе потпише за Реал Мадрид до летото 2028, кога ќе наполни 36 години и ќе заокружи полна деценија во кралскиот клуб од Мадрид.

Куртоа дојде на Сантјаго Бернабе во 2018 и со клубот освои три титули во Шпанија и две титулуи европски шампион.

Куртоа досега бранеше на 342 натпревари за Реал и прими 334 голови а успеа на 131 натпревар да ја сочува својата мрежа. Тој е и натаму незаменлив и по сите параметри е меѓу најдобрите голмани на светот.

Слични новости

Четврти пораз во низа на Србија

Четврти пораз во низа на Србија

Селекцијата на Србија синоќа загуби со 2:1 на гостувањето во „Филипс“ арената во Ајндховен од Холандија во четвртото коло од Лигата на нациите. Ова беше и четврти пораз на селекторот Вељко Пауновиќ во четвртиот меч од Лигата на нациите.