Американската пејачка Тејлор Свифт че врачи една од Греми наградите во недела во Лос Анџелес, соопшти денеска здружението на музичари Рекординг Академи.

Здружението не соопшти која од наградите ќе ја додели Тејлор Свифт која и самата е номинирана за главната награда на вечерта албум на годината за албумот „The Torture Poets Department“.

Свифт наградата претходно ја има освоено рекордни четири пати, а в недела конкуренција ќе и бидат Бијонсе со албумот „Cowboy Carter“ и Били Ајлиш со албумот „Hit Me Hard and Soft“.

На 67 доделување на Греми наградите ќе се собираат и донации за жртвите од пожарот кој неодамна го погоди Лос Анџелес.

Слични новости

По 40 години Duran Duran повторно ќе настапува во Санремо

По 40 години Duran Duran повторно ќе настапува во Санремо

Четири децении по нивниот историски прв настап во Италија во Санремо во 1985 година, британскиот синт-поп бенд Duran Duran повторно ќе настапи на годишниот музички фестивал, објави неговиот менаџер и уметнички директор Карло Конти