Американската пејачка Тејлор Свифт че врачи една од Греми наградите во недела во Лос Анџелес, соопшти денеска здружението на музичари Рекординг Академи.

Здружението не соопшти која од наградите ќе ја додели Тејлор Свифт која и самата е номинирана за главната награда на вечерта албум на годината за албумот „The Torture Poets Department“.

Свифт наградата претходно ја има освоено рекордни четири пати, а в недела конкуренција ќе и бидат Бијонсе со албумот „Cowboy Carter“ и Били Ајлиш со албумот „Hit Me Hard and Soft“.

На 67 доделување на Греми наградите ќе се собираат и донации за жртвите од пожарот кој неодамна го погоди Лос Анџелес.

Слични новости

Трамп го врати „црвеното копче“ за диетална кока-кола во Овалната соба

Трамп го врати „црвеното копче“ за диетална кока-кола во Овалната соба

Овалната соба, каде што претседателите се среќаваат со странските шефови на држави, лидерите на Конгресот и од каде ѝ се обраќаат на нацијата, е дел од Белата куќа на која новиот претседател често додава личен печат за да ги одрази своите вредности и цели