Тејлор Свифт собори рекорди, влезе во историјата и буквално предизвика земјотрес со својата двегодишна турнеја вредна две милијарди долари. Што друго можеше да направи најголемата ѕвезда на светот после тоа?
„Искрено, Тејлор Свифт треба само да се одмори“, вели Ендрју Мол, етномузиколог од Универзитетот Нортистерн во Бостон.
Сосема разумно размислување кога ќе погледнете што постигна мегаѕвездата која во петокот наполни 35 години. Покрај турнејата која собори рекорди, таа издаде концертен филм и издаде девет албуми за пет години.
Турнејата под наслов „Eras“ беше вистинска глобална одисеја. Станува збор за 149 тричасовни настапи ширум целиот свет.
Билетите за турнејата се продаваа по понекогаш превисоки цени и привлекоа милиони обожаватели, заедно со многу повеќе подготвени да слушаат и да пеат од паркинзите.
„Мислам дека не може да победи такво нешто досега. Едноставно нема шанси таа да започне нешто друго со исто влијание, и културно и економски“, вели Мол за AFP.
Кристин Либ, експерт за поп-музика, родови студии и брендирање на колеџот Емерсон, вели дека прашањето „што натаму“ не е фер.
„Штом завршите маратон или освоите светско првенство, првото прашање е што ќе правите следно?“, изјави Либ за AFP. „Почнувам тоа да го сфаќам како вистинска културна болест“, осудува Либ.
Сѐ е можно
Но, во индустријата која постојано бара младо, ново или свежо, „она што следува“ е секогаш на ум.
Нејзините обожувачи – „Swifties“ – чекаат уште албуми во стилот на „Taylor’s Version“.
Имено, уште од 2021 година, Свифт го исполнува своето ветување дека ќе ги пресними првите шест студиски албуми, најмногу за да ги врати авторските права на нејзините песни откако издавачот на оригиналните изданија ги продаде.
И преостанаа уште два албума за обработка – „Reputation“ и „Taylor Swift“.
Пејачката, исто така, ја чека и доделувањето на најважните Греми музички награди на почетокот на февруари, бидејќи има шест номинации за нејзиниот последен студиски албум „The Tortured Poets Department“, вклучувајќи три во најпрестижните категории.
Но, прашањето „што е следно“ е можеби поголемо прашање од тоа како уметникот го дефинира успехот кога веќе стана културен феномен и не знае накаде да тргне со славата и богатството.
„Добрата вест за неа е што таа е буквално најголемата ѕвезда во светот и во овој момент зависи целосно од неа“, вели Либ.
Албуми во живо, концертна резиденција во Лас Вегас, линија на производи? Со Свифт сѐ е возможно.
Пред неколку години беше објавено дека таа го напишала и оригиналното сценарио и дека ќе го има своето режисерско деби со филмот „Searchlight Pictures“, па можеби сега се стреми кон Оскар.
Лојалност на „Swifties“
Во секој случај, Свифт не мора постојано да им нуди нешто ново на своите фанови за да и остане лојална.
Таа изгради заедница која е донекаде самоодржлива.
Таа е всушност современа и главно онлајн верзија на заедницата на музички фанови кои првпат се собраа околу групата Grateful Dead во 1970-те, т.н. Deadheads.
„Swifties“ на тој начин би можеле да го исполнат барањето на пејачката да ѝ дадат време и простор, предвидува Либ. „Верувам дека таа негуваше таков однос со нив што тие можеа да го слушаат и да го почитуваат“, додава.
И во таа лавина од очекувања за нови потфати, Свифт можеби ќе сака да размисли за тоа што таа самата сака: „Што би било предизвик и исполнувачко за неа?“ прашува професорката Либ.
Бидејќи ѕвездата има и личен живот, за кој исто така многу се знае. Таа веќе повеќе од една година се забавува со ѕвездата на американскиот фудбал Тревис Келс, па можеби само сака да ужива во себе и во плодовите на својот труд.
Пред се останува клучното прашање: „Дали ни треба Тејлор Свифт или ѝ требаме ние?“, енигматично изјави Мол. „Мислам дека не ѝ требаме, нели?. Но, можеби таа ни е потребна нам“, заклучува тој.
Слични новости
Американската морнарица му оддаде признание на Том Круз за улогата во „Топ Ган“
Американската морнарица му додели специјална цивилна награда на холивудскиот актер Том Круз за „зголемување на регрутирањето на пилоти“ со неговата улога како поручник Пит „Маверик“ Мичел во „Топ Ган“
Откриен најстариот доказ за христијанството северно од Алпите
Записот се наоѓа на сребрена фолија и се состои од 18 редови испишани на латински јазик, а адтира од периодот меѓу 230 и 260 година од новата ера.
Фолијата била замотана во мала сребрена амајлија. Како што наведуваат германските археолози, артефактот беше пронајден во една гробница од третиот век во градот Хесе, каде што некогаш се наоѓал античкиот римски град Нида.
Германците најмногу се плашат од радиоактивното зрачење по нуклеарен судир
Според резултатите од истражувањето, 58 отсто од граѓаните стравуваат од радиоактивно зрачење како последица на нуклеарен конфликт