Пејачката тејлор Свифт за време на својата турнеја „ерите“ ги награди членовите на својот тим, поделувајќи им вкупно 197 милиони долари во бонуси. Бонусите им се доделени на сите кои работеа со неа за време на турнејата, вклучувајќи ги и возачите на камионите, персоналот задолжен за кетеринг, техничарите за звук и светло, екипата за продажба на сувенири, продукцискиот тим, асистентите, танцувачите, обезбедувањето, кореографите, фризерите, стилистите и видео тимот, пренесе часописот „Пипл“.

Во август 2023 на првиот дел од својата северноамериканска турнеја Тејлор Свифт веќе додели повече од 55 милиони долари во бонуси.

Нејзината турнеја „Ерите“ која започна во март минатата година во Аризона, заврши на 8 декември во Ванјувер. На својот последен концерт Свифт им се заблагодари на фановите и рече дека турнејата беше едно од навозбудливите искуства во нејзиниот живот.

По 149 настапи, потврдено е дека на турнејата имало вкупно публика од 10 милиони луѓе, а вкупната продажба на билети надмина 2 милијарди долари, со што „Ерите“ стана најпродавана турнеја на сите времиња, со двојно поголема заработка од било која турнеја во историјата.

 

Слични новости

Пол Мекартни ја заврши турнејата со старите другари и старата гитара

Пол Мекартни ја заврши турнејата со старите другари и старата гитара

На самиот крај на дво и пол часовниот настап на бендот на Мекартни, на сцената се придружија Ринго Стар, некогашниот тапанар на Битлси и Рон Вуд гитаристот на Ролинг Стоунс, па сите заедно ја отсвиреа и ја отпејаа Sgt Pepper Lonely Hearts Club Band, и песната Get Back.