Пејачката тејлор Свифт за време на својата турнеја „ерите“ ги награди членовите на својот тим, поделувајќи им вкупно 197 милиони долари во бонуси. Бонусите им се доделени на сите кои работеа со неа за време на турнејата, вклучувајќи ги и возачите на камионите, персоналот задолжен за кетеринг, техничарите за звук и светло, екипата за продажба на сувенири, продукцискиот тим, асистентите, танцувачите, обезбедувањето, кореографите, фризерите, стилистите и видео тимот, пренесе часописот „Пипл“.
Во август 2023 на првиот дел од својата северноамериканска турнеја Тејлор Свифт веќе додели повече од 55 милиони долари во бонуси.
Нејзината турнеја „Ерите“ која започна во март минатата година во Аризона, заврши на 8 декември во Ванјувер. На својот последен концерт Свифт им се заблагодари на фановите и рече дека турнејата беше едно од навозбудливите искуства во нејзиниот живот.
По 149 настапи, потврдено е дека на турнејата имало вкупно публика од 10 милиони луѓе, а вкупната продажба на билети надмина 2 милијарди долари, со што „Ерите“ стана најпродавана турнеја на сите времиња, со двојно поголема заработка од било која турнеја во историјата.
Слични новости
Германците најмногу се плашат од радиоактивното зрачење по нуклеарен судир
Според резултатите од истражувањето, 58 отсто од граѓаните стравуваат од радиоактивно зрачење како последица на нуклеарен конфликт
Ватикан на работ од банкрот
Ватикан, најмалата држава на светот, за своите проходи се потпира врз комбинација на донации и инвестиции. Во 2023 дефицитот на Ватикан изнесуваше 83 милиони евра, што е 5 милиони евра повеќе отколку лани, објавуваат италијанските медиуми.
Елтон Џон прогласен за икона на годината на „Тајм“
Сер Елтон Џон е прогласен за икона на годината на магазинот „Тајм“ за 2024 со што е овековечено неговото шестдецениско патување низ музичката индустрија. Признанието не го одразува само неговото трајно влијание во музиката, туку и придонесот кон филантропијата и активизмот.