Американската пејачка и кантавторка Тејлор Свифт изјави дека тоа што ќе влезе во историјата како најнаградувана добитничка на музичките награди на Билборд е „најдобриот ран роденденски подарок“ за неа.

Поп-ѕвездата освои 10 награди, вклучувајќи ја и онаа за најдобар изведувач и за најдобар албум на Болборд 200 за музичкиот албум „The Tortured Poets Department“, што вкупно прави рекордни 49 награди во досегашната кариера.

„Ова е најдобриот предвремен подарок за роденден што можевте да ми го дадете, па ви благодарам многу. Го сакам, тоа е токму она што го сакав“, рече Свифт во претходно снимениот говор пред нејзиниот 35-ти роденден во петокот.

 

Наградите доаѓаат откако таа ја заврши својата рекордна турнеја „Eras“ во неделата, која доминираше во вестите во текот на 21-месечниот период.

„За сѐ што е поврзано со турнејата ‘Eras’ и албумот ‘The Tortured Poets Department’. Тоа ми значи сѐ, ми значи дека ја прифативте мојата работа и многу ми значи тоа што толку многу се грижите за мојата музика, само треба да ви се заблагодарам“, рече Свифт обраќајќи им се на своите обожаватели.

На доделувањето многу награди добија и британските ѕвезди како Ду Липа и групата Coldplay.

Меѓу другите добитници на награди се раперот Дрејк, кој беше прогласен за најдобар рап изведувач, најдобар рап машки изведувач, а доби и признание за најдобар рап албум „For All The Dogs“. Дожа Кет е најдобра рап пејачка, а наградата за најдобра рап песна ја доби Кендрик Ламар за „Not Like Us“.

Наградата за најдобар нов музички уметник отиде во рацете на американската кантавторка Чапел Роун, која рече дека и требало долго време да се пробие во музичката индустрија.

Билборд е американски неделник посветен на музичката индустрија, основан во Синсинати во 1894 година. Се смета за еден од најрелевантните и најнепристрасни извори на информации за музичката индустрија. Неделно објавува некои од најважните меѓународни топ листи на најпопуларните песни и албуми во различни категории. Се издвојува Билборд Хот 100, кој ги рангира 100-те најпопуларни песни без разлика на жанрот и се користи во САД како стандарден показател за физичка и дигитална продажба и радио емитување, додека Билборд 200 е сличен показател за продажба на албуми.

globe

Слични новости

Откриен најстариот доказ за христијанството северно од Алпите

Откриен најстариот доказ за христијанството северно од Алпите

Записот се наоѓа на сребрена фолија и се состои од 18 редови испишани на латински јазик, а адтира од периодот меѓу 230 и 260 година од новата ера.
Фолијата била замотана во мала сребрена амајлија. Како што наведуваат германските археолози, артефактот беше пронајден во една гробница од третиот век во градот Хесе, каде што некогаш се наоѓал античкиот римски град Нида.

Ватикан на работ од банкрот

Ватикан на работ од банкрот

Ватикан, најмалата држава на светот, за своите проходи се потпира врз комбинација на донации и инвестиции. Во 2023 дефицитот на Ватикан изнесуваше 83 милиони евра, што е 5 милиони евра повеќе отколку лани, објавуваат италијанските медиуми.