На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во понеделникот, како и Nasdaq, кој достигна ново рекордно високо ниво, главно благодарение на порастот на цените на акциите на неколку од најголемите технолошки компании.
Индексот Dow Jones загуби 0,25 отсто, на 43.717 поени, додека S&P 500 порасна за 0,38 отсто, на 6.074 поени, а индексот Nasdaq зајакна 1,24 отсто, на 20.173 поени.

Dow Jones вчера се лизна осми ден по ред, што е најдолга негативна серија од средината на 2018 година. S&P 500, од друга страна, порасна, како и индексот Nasdaq, бидејќи цените на акциите на неколку од најголемите технолошки компании, како „Alphabet“ и „Tesla“, значително пораснаа.
Во фокусот на инвеститорите оваа седмица ќе биде дводневната средба на челниците на американската централна банка, која почнува во вторник. Во среда Fed ќе ги објави своите одлуки, а пазарот очекува да ги намали каматните стапки по трет пат оваа година, за дополнителни 0,25 процентни поени.
Слични новости
Цените на нафтата близу 69 долари
Цените на нафтата во четвртокот на меѓународните пазари се задржаа близу 69 долари, бидејќи знаците за послаба американска побарувачка следеа по одлуката на група водечки производители да ја зголемат понудата
BioNTech и Pfizer при развојот на вакцината против ковид-19 посегнале до сопственост на Moderna
Германската биотехнолошка компанија „BioNTech“ и нејзиниот американски партнер „Pfizer“ незаконски ја користеле заштитената интелектуална сопственост на „Moderna“ во развојот на вакцината против коронавирусната болест ковид-19 и мора да ѝ платат компензација, одлучи германскиот суд
Германската пошта отпушта 8.000 работници
„Deutsche Post“ во четвртокот објави дека ќе отпушти 8.000 работници до крајот на годината за да ги намали трошоците, по скромниот раст на приходите на матичната групација DHL во 2024 година