На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во понеделникот, како и Nasdaq, кој достигна ново рекордно високо ниво, главно благодарение на порастот на цените на акциите на неколку од најголемите технолошки компании.
Индексот Dow Jones загуби 0,25 отсто, на 43.717 поени, додека S&P 500 порасна за 0,38 отсто, на 6.074 поени, а индексот Nasdaq зајакна 1,24 отсто, на 20.173 поени.
Dow Jones вчера се лизна осми ден по ред, што е најдолга негативна серија од средината на 2018 година. S&P 500, од друга страна, порасна, како и индексот Nasdaq, бидејќи цените на акциите на неколку од најголемите технолошки компании, како „Alphabet“ и „Tesla“, значително пораснаа.
Во фокусот на инвеститорите оваа седмица ќе биде дводневната средба на челниците на американската централна банка, која почнува во вторник. Во среда Fed ќе ги објави своите одлуки, а пазарот очекува да ги намали каматните стапки по трет пат оваа година, за дополнителни 0,25 процентни поени.
Слични новости
Продолжување на намалувањето на каматните стапки ако инфлацијата продолжи да се намалува, најави Лагард
Централната банка на еврозоната минатата седмица ги намали каматните стапки по четврти пат оваа година, а инвеститорите се обложуваат на уште посилно ублажување на мерките во 2025 година
Биткоинот пробива плафони, над 106.000 долари
Криптовалутите и Биткоинот се катапултирани во центарот на вниманието, бидејќи инвеститорите очекуваат дека новата администрација на Трамп ќе воведе поповолна регулаторна средина
Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат
На европските берзи во понеделник наутро се тргуваше внимателно, со индекси во црвено, особено парискиот CAC, откако Moody’s го намали кредитниот рејтинг на Франција