Иранските системи за противвоздушна одбрана соборија повеќе од 200 непријателски летала за време на воениот конфликт со САД и Израел, вклучувајќи дронови и авиони со посади, изјави заменик командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда Мостафа Изади. Тој рече дека соборувањето на леталата предизвикало големо внимание во САД и придонело за внатрешна нестабилност во Израел.
Според неговите зборови „непријателот“ влегол во конфликтот со сценарио за промена на режимот и распад на Иран, но претрпе пораз на сите фронтови и не успеа да пристапи до иранската индустрија.
Изади оцени дека националната кохезија во Иран е дополнително засилени и наведе дека според достапните информации 80 насто од младите во САД се противат на војната со Иран.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.