Американските носачи на авиони веќе не се присутни во Персискиот залив, бидејќи се повлекоа на 1.000 километри од брегот на Иран, изјави заменик-командантот на Исламската револуционерна гарда генерал Али Фадави.
Иранскиот генерал изјави дека Иран досега искористил само минимум од неговите сили, а САД свесни за опасноста се повлекле од Перисскиот залив. Тој рече дека и најранлива точка за Американците се нивните бродови.
Иранската армија соопшти и дека денеска пресретнала и уништила дрон од типот МQ-9 Reaper, во централниот дел од Иран. Тоа според иранската армија е 146-тото летало без посада што го соборил Иран.
Дронот MQ-9 Reaper, што се користи за надзор и напади чини околу 30 милиони долари.
Слични новости
САД подготвиле сили за напад врз Куба
Според пишувањето на „политико“ Пентагон со месеци распоредува трупи и воена техника за можна воена операција против Куба, а за покренување на акцијата недостига само конечната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп.
Иран одговори на ноќните удари на Пентагон и се закани со уште побрутална одмазда
Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда соопшти денеска дека извршил напад врз американска воздухополовна база, по американскиот напад во близина на аеродромот Бандар Абас во Иран.
Нови американски напади врз Иран
САД извршија нови воздушни напади врз воена локација во иранскиот град Бандар Абас, стратешко пристаниште во близина на Ормутскиот Теснец.
Според американската Централна команда, целта била уништена непосредно пред да биде лансиран дрон, а американските сили собориле уште четири ирански беспилотни летала кои претставувале закана во регионот.


