Иран испука две балистички ракети кон американско-британската воена база „Диего Гарсија“ која се наоѓа среде Индискиот океан. Нападот претставува нова потенцијална ескалација на конфликтот, бидејќи базата е оддалечена дури 4.000 километри од иранскиот брег.
Нападот бил неуспешен бидејќи, како што соопшти Вашингтон, првата ракета сама по себе паднала за време на летот, а втората била соборена од американски воен брод кој го користел системот СМ-3.
Иранскиот напад предизвика загриженост во Вашингтон бидејќи Техеран со години тврди дека дострелот на неговите ракети е 2.000 километри, додека нападот покажува дека Иран има капацитет да нападне цели и на 4.000 километри.
Слични новости
Абу Даби е домаќин на трилатерални разговори Русија-Украина-САД
Во текот на следните два дена, руски, украински и американски преговарачи присуствуваат на првите трилатерални разговори наменети за ставање крај на војната во Украина.
