Најинтересниот натпревар во европските квалификации за Светското првенство 2026 го одиграа во понеделникот вечерта Белгија и Велс во Брисел како дел од Групата Ј, во која во водство е Македонија, а на крајот домаќините победија со 4-3.
Белгија одлично го започна натпреварот и по 27 минути водеше со 3:0 со головите на Лукаку (15-11м), Тилеманс (19) и Доку (27), но враќањето на Велс започна на самиот крај од првото полувреме кога Вилсон (45+7-11м) реализираше пенал за 3:1. Томас (51) и Џонсон (69) успеаја да го израмнат резултатот на 3:3, но Де Брујне (88) сепак ја обезбеди победата за Белгија осум минути откако голот на Лукаку беше поништен бидејќи топката беше надвор од теренот на почетокот од акцијата.
Белгија сега има четири бода од два одиграни натпревара, додека Велс е на седум бода од четири натпревари. Македонија е на врвот со осум бода од четири натпревари по победата од 1:0 на гости против Казахстан претходно во понеделникот, благодарение на голот на Трајковски (33). Казахстан има три бода, додека Лихтенштајн е на дното без бодови.

Норвешка го задржа својот стоотстотен учинок дури и по четвртиот настап во Група И со минимална победа од 1:0 на гости против Естонија, која ја обезбеди Халанд (63). Првите бодови во таа група ги обезбеди Италија, која ја победи Молдавија со 2:0 како домаќин во Реџо Емилија три дена по тешкиот пораз од Норвешка со головите на Распадори (40) и Камбијасо (50).
Норвешка е на врвот во Група И со 12 бода, по што следува Израел со шест, Италија и Естонија имаат по три, додека Молдавија нема бодови.
Хрватската фудбалска репрезентација ја забележа втората победа во Група Л, откако ја победи Чешка со дури 5:1 (1:0) во во Осиек. Откако лесно го совлада Гибралтар со убедливи 7:0, хрватската репрезентација оствари уште една убедлива победа во Осиек, победувајќи ги Чесите и правејќи важен чекор кон пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Хрватска поведе во 43. минута со голот на Андреј Крамариќ, а Томаш Соучек израмни во 58. минута. Сепак, Хрватска потоа постигна четири гола во рок од 17 минути. Лука Модриќ ја врати Хрватска во водство со пенал во 63. минута, а Хрватитесе доближија на чекор до победата во 70. минута со голот на Иван Перишиќ, а сите сомнежи ги разреши Анте Будимир кој реализираше пенал во 72. минута за 4:1. Андреј Крамариќ го заокружи резултатот со својот втор гол на натпреварот во 75. минута.
Ова беше веќе четврти натпревар за Чесите откако ги отворија квалификациите со три победи (Фарски Острови 2:1, Гибралтар 4:0, Црна Гора 2:0) и сè уште го држат првото место.
Во дуелот меѓу најслабите тимови во групата Л, Фарските Острови го победија Гибралтар со 2:1. Сканлон (23) ги доведе гостите во водство, но Фредериксберг (71) и Јоханесен (86) ги обезбедија првите бодови за домашната репрезентација.
На врвот на групата е Чешка со девет бода од четири натпревари, Хрватска има шест од два, Црна Гора шест од три, Фарските Острови три од три, а Гибралтар е без бодови од четири настапи.

Слични новости
Гардијан: Мачестер Сити сака да го продаде Грилиш за 50 милиони фунти
Сити сака да добие околу 50 милиони фунти од продажбата на 29-годишниот Британец, но засега нема понуди за играчот од средниот ред. Се разгледува и позајмица. Интерес за играчот претходно објавија Наполи, Евертон и Баер.
Оклахома направи брејк на гости кај Индијана и изедначи на 2:2
Индијана водеше во текот на целиот натпревар, но во завршницата Оклахома одигра многу цврста одбрана и направи серија од 8:0, додека нејзините две ѕвезди Шеи Гилџес Александар и Џејлен Вилијамс реализираа шутеви во клучните мометни од натпреварот
Македонскиот напаѓач Миовски заминува од Жирона, најверојатно за Шкотска
Според последните информации, за Миовски е заинтересиран и Селтик кој понудил шест милиони фунти за ангажирање на македонскиот фудбалер.