Во албанскиот Парламент денеска дојде до физички инцидент меѓу пратеникот од опозициската Демократска партија, Фламур Нока, и шефот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија, Таулант Бала.
Инцидентот се случи на десеттиот ден од протестите во Албанија, за време на кои демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама.
Денешната седница на албанскиот Парламент започна во тензична атмосфера, откако пратениците од Демократската партија ја блокираа говорницата со фотографии од демонстранти кои биле повредени за време на протестите.
Слични новости
Колумбија: Најмалку 265 мртви во разурнувачкиот земјотрес, прогласена вонредна економска ситуација
Најмалку 265 луѓе се погинати, а близу 3.500 луѓе се повредени во земјотресот со силина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западот на Колумбија, соопшти денеска колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспријела.