Во албанскиот Парламент денеска дојде до физички инцидент меѓу пратеникот од опозициската Демократска партија, Фламур Нока, и шефот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија, Таулант Бала.

Нока му го грабна микрофонот на Бала и фрлаше хартии кон него, поради што претседателот на Парламентот, Нико Пелеши, ја прекина седницата 

Инцидентот се случи на десеттиот ден од протестите во Албанија, за време на кои демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама.

Денешната седница на албанскиот Парламент започна во тензична атмосфера, откако пратениците од Демократската партија ја блокираа говорницата со фотографии од демонстранти кои биле повредени за време на протестите.

Слични новости

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „смешен“ предлогот на Европската унија Канада да стане нејзина придружна членка и се закани со воведување на „многу сериозни царини“ или намалување на трговијата со ЕУ.