Големиот простест на студентите во Србија под мотото 15 за 15-те е закажан за денеска во 16 часот. Во Белград граѓаните почнаа да се собираат во Земун и Нов Белград и се подготвуваат да се упатат кон центарот на градот.
Најпрвин беше најавено дека тој ќе се одржи пред Народното Собрание во Белград, за утринава студентите да порачаат дека поради безбедносни причини протестот ќе се одржи пред Славија. Според последните информации, протестот сепак ќе се одржи пред Собранието, но бина се подига и пред Славија.

Синоќа од разни правци на Србија пристигнуваа студенти кои беа пречекани од Белграѓани кои ги дочекаа на Теразије. Се проценува дека излегоа над 30.000 граѓани да ги дочекаат студентите. МВР на Србија објави дека за време на пречекот две лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир и дека голем број на трактори кој паркот Пионир биле оштетени.
На социјалните мрежи се појави снимки на кои се гледа дека тракторите ги кршеа непознати момчиња облечени во црно и дека вандализмот не го вршеле граѓаните што ги пречекаа студентите на Теразије.
Во Србија, како што јавуваат тамошните медиуми нема јавен превоз, а репортерите забележаа голема колона возила како се движи од Нови Сад кон Белград.
Слични новости
Си ја отфрлил поканата за присуство на самитот ЕУ-Кина
Пекинг им кажа на претставниците на ЕУ дека премиерот Ли Кианг наместо со Си ќе се сретне со претседателите на Европскиот совет и Комисијата,
Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката
Протестот „15 за 15“, за кој според опозициските медиуми бил еден од најголемите во историјата на Белград, заврши во саботата вечерта пред предвиденото по инцидентите во кои беа повредени 56 лица, 22 беа уапсени, а по првиот инцидент студентите се повлекоа и порачаа дека повеќе тоа не е студентски протест
Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани
Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски