Претставниците на опозицијата во Скупштината на Војводина во вторникот побараа оставки од претседателот на парламентот на Војводина, Балинт Јухас и од претседателката на покраинската влада, Маја Гојковиќ. Откако тоа не им беше прифатено најавија напуштање на Собанието иако има уште точки за разгледуавње и гласање.
Покраинскиот пратеник од Движењето на слободни граѓани (ПСГ) Радивоје Јововиќ изјави дека опозицијата бара кривична одговорност и за поранешниот потпретседател на Скупштината на Војводина, Дамир Зобеница.
„Дамир Зобеница испрати насилници да тепаат студенти и организирано насилство врз граѓани. Тој поднесе политичка оставка, но бараме и кривична одговорност. За таквите има само едно место, а тоа е затворот“, изјави Јововиќ. Го обвини Јухас дека спречува слободно изразување од говорницата.
„Нѐ спречува слободно да зборуваме на собраниската говорница, а овој дом го претвори во касарна за режимските полицајци, насилници и тепачи. Или ќе поднесе оставка или ќе биде разрешен“, рече Јововиќ.
Според него, опозицијата бара оставка од Маја Гојковиќ бидејќи таа рекла дека зградата на железничката станица во Нови Сад била најбезбедна во Европа, а таму загинале 15 лица.
„Покрај овие теми, немаме за што друго да разговараме денеска, додека со нашата држава и покраина владеат криминалци, ако нема правда за народот, ако нема правда за Војводина, додека криминалците не ја напуштат оваа куќа, висок дом на Војводина – нема да има мир за владата“, рече Јововиќ, пренесе Бета.
Обезбедувањето на парламентот на Војводина утрово пред почетокот на седницата ги претресуваше пратениците од опозицијата, а потоа го заклучи главниот влез на зградата на покраинскиот парламент, јави Бета.
Новинарите не можат да присуствуваат на седницата бидејќи не им дозволува обезбедувањеето и тие се во холот меѓу излезот и салата за седници. Влез во салата им беше овозможен само на 15 минути на фоторепортери и сниматели, јавија новосадските медиуми.
„Ние новинарите практично се наоѓаме во некаква тампон зона, во собраниската сала. Не ни е дозволено да влеземе во салата и не можеме да излеземе затоа што сме заклучени надвор“, извести репортерот на Бета од покраинскиот парламент.
Пред зградата има голем број студенти кои прават голема врева – дуваат свирчиња и вувузели.
Студентите носат транспаренти „Дали се слушаме?“, „Ние сме овде во мир, а вие сте во панцири“, „Каде нема правда, отпорот станува должност“, „Вие сте пирејот на Србија, време е да се искорени“.
Слични новости
НАТО: Србија сама треба да одлучи какви односи сака со Алијансата
На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку доверба до мир“, одржана во Белград, беше истакнато дека Србија сама треба да одлучи за своите односи со НАТО, а Алијансата ќе ја почитува секоја одлука.
Црна Гора: На седница на парламентарна комисија фрлена димна бомба
На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен удар во Црна Гора
Турција ќе добие уште милијарда евра од ЕУ за сириските бегалци
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уштемилијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во земјата