Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса, со летни температури во поголем дел од земјата. Дневните максимални вредности се очекуваат меѓу 23 и 34 степени.
Најтопло време се најавува во централните и југоисточните делови, како и во Скопската Котлина, каде што прогнозите се дека температурите ќе се искачат до 34 степени.
Топлиот бран, според прогнзите се очекува да продолжи во текот на целиот викенд.
Слични новости
Ален Берсе, генералниот секретар на Советот на Европа во посета на Македонија
За време на престојот во земјава, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни претставници, како и со ресорни министри, а планирани се и повеќе активности поврзани со унапредувањето на соработката со оваа меѓународна организација.
Собранието трет пат ќе се обиде да избере член на ДКСК
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интеврјуа со пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата
Пожарот во Визбегово е сеуште активен
Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи. На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање.


