Млечниот пат проголтал мала галаксија пред околу 11,8 милијарди години покажа новото научно истражување. Научниците ги прочуваа ѕвездените јата кои опфаќаат 20.000 светлосни години на Млечниот пат, користејќи ги податоците на вселенските телескопи Хабл и Гаја, пренесе Ројтерс.
Научниците проценуваат дека помалата галаксија која била проголтана во моментот на спојувањето имала маса на ѕвезди еднаква на 500 Сонца, односно околу четвртина од масата на Млечниот пат во тоа време.
Научниците сметаат дека Млечниот пат оттогаш минал низ уште најмалку две спојувања. Спојувањата на Млечниот пат му донеле голем број на ѕвезди, меѓуѕвезден гас и темна материја.
Слични новости
Евтаназијата легализирана во цела Австралија
Според усвоените одредби, барање може да поднесат полнолетни лица заболени од неизлечива болест, за која се проценува дека ќе доведе до смрт во рок од најмногу 12 месеци. Исполнетоста на барањето мора да го потврдат двајца независни лекари.
„Мета“ се согласи на судска спогодба, ќе плати и над 16 милијарди долари
Американската компанија Мета, во чија сопственост се мрежите Фејсбук и Инстаграм, се согласи да плати максимум 16,68 милијарди долари и да воведе значајни промени на своите платформи за да го заврши спорот со 29 американски држави кои ја обвинија дека ги дизајнирала социјалните мрежи да создадат зависност кај децата.
Повеќе од 20 000 луѓе во најголемата светска борба со домати
Камиони полни со домати минуваа низ масата луѓе, додека луѓето од нив фрлаа домати врз насобраните, пренесуваат шпанските медиуми. Оваа година во борбата биле искористени 165 тони домати.


