„Хари Потер и проколнатото дете“ и натаму е најгледана претстава на Бродвеј, а минатата недела таа заработи 2,7 милиони долари од продажба на билети.Зад претставата која е базирана на филмовите за хари Потер е „Хамилтон“ кој минатата недела заработи 2,2 милиони долари, „Викед“ заработи 2 милиони, а „Кралот лав 1,9 милиони долари.

Бродвеј забележува зголемување на публиката за 11 насто во однос на претходната недела, иако ги поскапе влезниците за најпопуларните претстави.

Интересно е дека „Кралот лав“ кој е долго на репертоарот бележи пораст од 400 000 долари во однос на минатата недела, а пораст бележат речиси сите претстави. Цената на билетот на Бродвеј се покачи и во просек изнесува 164 долари по претстава.

Слични новости

Номинираните за Оскар се вратија во Лос Анџелес по паузата поради ланските пожари

Номинираните за Оскар се вратија во Лос Анџелес по паузата поради ланските пожари

Меѓу присутните беа и актерските ветерани кои за прв пат добиваат номинација за оскар, Швеѓанецот Стелан Скарсгард (Сентиментална вредност) кој ја доби својата прва номинација на 74 годишна возраст