Поранешниот светски шампион во тешка категорија, легендарниот 58-годишен Мајк Тајон изјави дека не жали за поразот од 27-годишниот Џејк Пол, инфлуенсер на социјалните мрежи кој стана боксер.
Во првата професионална борба по 2005 година, Тајсон се бореше со американскиот „јутјубер“ Џејк Пол. Во борбата од осум рунди од две минути, одржана на AT&T стадионот во Арлингтон пред 80.000 гледачи, Пол славеше со едногласна одлука на судиите.
„Тоа е една од оние ситуации кога губиш, но сепак победуваш. Благодарен сум за минатата ноќ. Не жалам што последен пат влегов во рингот”, напиша Тајсон во објавата на X.
Првично закажана за јули, борбата беше одложена откако во јуни на Тајсон му прсна чирот. Легендарниот „Железен Мајк“ откри дека повраќал крв на летот од Мајами до Лос Анџелес, а откако бил префрлен во болница, било утврдено дека има чир од седум сантиметри.
„За малку ќе умрев во јуни. Имав осум трансфузии на крв. Во болница изгубив половина од крвта и 11 килограми и морав да се борам за да закрепнам за борбата“, рече тој.
„За моите деца да ме видат како стојам во рингот и да завршам натпревар од осум рунди со талентиран борец на половина од мојата возраст пред преполниот стадион Каубој во Далас беше одлично искуство“, додаде Тајсон.
Слични новости
Роналдо сака да стане претседател на Бразилската фудбалска асоцијација
Поранешната бразилска ѕвезда Роналдо сака да го замени Едналдо Родригеш на функцијата претседател на Бразилската фудбалска асоцијациј
НБА: Десетти „трипл-дабл“ на Јокиќ сезонава за тесна победа на Денвер
Никола Јокиќ го забележа десеттиот „трипл-дабл“ сезонава за Денвер Нагетс кои славеа тесна победа над Сакраменто Кингс со 130:129
Лукман избран за најдобар фудбалер од Африка
Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година