Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа во средата наутро, по ескалацијата на граничните конфликти меѓу двете азиски земји, според локалните камбоџански медиуми.

Камбоџанскиот весник Khmer Times, повикувајќи се на Министерството за одбрана, објави дека авионите „F-16“ фрлиле најмалку две бомби врз села во покраината Минчи, на границата со Тајланд. Досега нема извештаи за жртви.

Весникот пренесува дека тајландските борбени авиони летале ушта над неколку камбоџански подрачја, поррај копнении поморски напади за кои нема повеќе информации. Тајланд сè уште не ги коментирал извештаите.

Претседателот на камбоџанскиот Сенат и долгогодишен челник на земјата, Хун Сен, изрази загриженост, но ја пофали армијата за „храбриот и цврст отпор“, пишува Khmer Times.

Тој претходно изјави дека Камбоџа првично била воздржана за да го почитува прекинот на огнот постигнат на 26-ти октомври, но дека армијата сега е принудена да ја брани територијата на Камбоџа.

Двете земји се обвинуваат меѓусебно за кршење на прекинот на огнот по должината на нивната граница долга 800 километри, претежно неспорна, од неделата.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој посредуваше во разговорите во октомври, изјави дека планира повторно да интервенира. „Ќе морам да се јавам телефонски утре“, им рече тој на поддржувачите во Пенсилванија во вторникот.

globe

Слични новости

Сирски: Украина држи дел од Покровск, војниците се повлекуваат од некои позиции

Сирски: Украина држи дел од Покровск, војниците се повлекуваат од некои позиции

Украинските војници држеа делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им беше наредено да се повлечат од непрактични позиции надвор од градот во изминатата недела, изјави во вторникот вечерта украинскиот врховен командант
Александар Сирски