Американската голф ѕвезда Тајгер Вудс беше приведен откако со неговиот Лендровер предизвика сообраќајна несреќа и се товари за возење под дејство на лекови. Вудс ја предизвикал несреќата откако удрил во камион, а потоа неговиот Ленровер се превртел, но тој не бил повреден.
Полицијата соопшти дека тој возел со голема брзина и дека по несреќата прикажувал „знаци на омаменост“, поради што истражителите веруваат дека бил од дејство на дрога или лекарства.
Вудс не прифатил тест на неговата урина и по неколку часа минати во затвор бил пуштен со кауција. Ова е втор пат Вудс да биде уапсен поради сомнение за возење под дејство на лекови, а неговиот менаџер не сакаше да го коментира инцидентот.
Слични новости
Британскиот принц Ендру и Вуди Ален на вечера кај сексуалниот престапник Џефри Епстин
Поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор заедно со други познати личности присуствувал на интимна вечера со осудениот сексуален претсапник Џефри Епстин, неколку месеци откако Епстин бил пуштен од затвор
Џеф Бакли постхумно постави нов рекорд
Џеф Бакли постхумно постави нов рекорд: Неговата балада „ „Lover, You Should’ve Come Over” влезе на Билборд 100 те жешки хитови. Песната која сега добива на популарност никогаш не била објавена како сингл.
Нетфликс објави дека снима петта сезона на Линколн адвокатот
Стримерот Нетфликс објави дека снима петта сезона од хит серијата „Линколн адвокатот“, една недела пред премиерата на четвртата сезона.

