Притисоци од политичари немаме. Ние сме независна институција и нема да дозволиме каква било форма на притисок, изјави денска во Битола претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Во изјава за медиумите Димитровска нагласи дека борбата против корупцијата не зависи само од една институција и потребно е заедничко дејствување.

„Борбата против корупцијата не зависи само од една институција. Максимално вложуваме напори за постапување по сите предмети и нивно процесуриање. Притисоци од политичари немаме. Ние сме независна институција и нема да дозволиме било каква форма на притисок“,– посочи Димитровска.

На новинарско прашање во врска со постапката и динамиката на оформениот предмет во ДКСК за условите за именување на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Димитровска истакна дека во ДКСК секојдневно пристигнуваат дополнувања на пријавата со одредени сомневања.

„Во ДКСК пристигната е пријава за сомневање за неисполнување на услови за именување на директорот на Агенција за национална безбедност и за истата е оформен предмет. Во тек е обезбедување на целокупната документација заради потврдување на фактичката состојба… 

…   Морам да истакнам дека по првата пријава секојдневно пристигнуваат дополнувања на пријавата со одредени сомневања за конкретните услови кои ги предвидува законот, и по утврдување на фактичката состојба ДКСК ќе донесе одлука на јавна седница – одговори Димитровска.

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска денеска во Битола учествуваше на промоција на „Антикорупциски караван“ организиран од Македонски центар за меѓународна соработка.                         
globe

Слични новости

Мицкоски- Кошта: Претставени позициите на Македонија во однос на европските интеграции

Мицкоски- Кошта: Претставени позициите на Македонија во однос на европските интеграции

Премиерот Христијан Мицкоски доцна попладнето во вторникот во Брисел имаше средба со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која беше разговарано за процесот на пристапување на земјава кон Европската унија

Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните 

Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните 

Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска престојува во Брисел каде вечерва ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западниот Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево имаше средба со новата еврокомесарка за проширување Марта Кос.

Коцевски ги задолжил јавните обвинители да дадат приоритет во постапувањето по предметите за кривични дела                                                                                                                         поврзани со корупцијата и се од особен јавен интерес

Коцевски ги задолжил јавните обвинители да дадат приоритет во постапувањето по предметите за кривични дела поврзани со корупцијата и се од особен јавен интерес

Јавното обвинителство на Северна Македонија денеска преку писмено соопштение информира дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со исклучителна сериозност ги зема апелите од извршната власт и од јавноста воопшто за зголемување на активноста на сите истражни органи, а особено на ЈО во борбата против корупцијата.