Во Вишиот суд во Белград во средата продолжи судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на четиринаесетгодишникот кој на 3. мај минатата година уби девет негови врсници и училишниот чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, пренесуваат српските медиуми.

Владимир Кецмановиќ негирал дека сторил кривично дело злоупотреба и запуштање малолетно дете, за што тој и неговата сопруга беа обвинети од Вишото јавно обвинителство во Белград. Тој одбил да одговори на прашањата на обвинителите и адвокатите, по што дел од родителите на убиените деца ја напуштиле судницата.
Судијата наредил пауза пред да продолжи судењето.

По него се очекуваше за новите обвинувања да се изјасни и Миљана Кецмановиќ.

Инаку, обвинителството го проширило обвинението, според кое Владимир Кецмановиќ се товари за тешко кривично дело против општата безбедност, додека, пак, неговата сопруга е обвинета за недозволено поседување и носење оружје.

Миљана Кецмановиќ во судот дојде од слобода, додека, пак, нејзиниот сопруг беше донесен од притвор каде што се наоѓа од апсењето на 3. мај минатата година.

Проширениот обвинителен акт уследи по распитот на малолетниот убиец Коста Кецмановиќ.

Во овој случај обвинети се родителите на момчето, Владимир и Миљана Кечмановиќ, како и инструкторот на стрелиштето каде што момчето учело да пука, Немања Маринковиќ, кои се товарат за давање лажен исказ.

globe

Слични новости

Протести во Србија, оставка на уште еден министер

Протести во Србија, оставка на уште еден министер

Српскиот министер за трговија Томислав Момировиќ во средата поднесе оставка поради притисокот и протестите на граѓаните и опозицијата кои бараат кривично гонење на одговорните за несреќата во железничката станица во Нови Сад на почетокот на ноември, која однесе 15 животи

Албанија размислува за целосна забрана на ТикТок или Снепчет

Албанија размислува за целосна забрана на ТикТок или Снепчет

По крвавиот настан, во кој беше усмртено 14-годшно момче од негов врсник и растот на врсничкото насилство, албанската Влада денеска најави ограничувања во користењето на социјалните мрежи од страна на малолетници или целосна забрана на ТикТок или Снепчет.

Блокади на Савски и Бранков мост во Белград и на судот во Нови Сад, Вучиќ го свика Советот за национална безбедност

Блокади на Савски и Бранков мост во Белград и на судот во Нови Сад, Вучиќ го свика Советот за национална безбедност

Додека во Нови Сад втор ден по ред траат блокадите и протестите пред судот и обвинтелството, опозицијата во Белград паралелно има протест и блокада на стариот Савски мост, а најавена е и блокада на Бранков мост