Министерот за здравство, Арбен Таравари, потпиша во вторникот решение со кое ја разрешува досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска, која деновиве побара медиумите да не ѝ го спомнуваат името. Таа е разрешена од функцијата, а на нејзино место е назначена професорката д-р Катерина Бошковска.
Оваа одлука веќе пристигнала во болницата, објавија дел од медиумите.
Директорувањето на досегашната директорка која побара медиумите да не ѝ го спомнуваат името беше проследено со серија предизвици, меѓу кои најзначајно беше распаѓањето на бронхоскопскиот оддел, како и меѓучовечките несогласувања во институцијата. Тензиите кулминираа со нејзиното испратено барање до медиумите да не го спомнуваат нејзиното име, иако се наоѓаше на јавна функција.
Со назначувањето на проф. Катерина Бошковска, Министерството за здравство очекува стабилизирање на состојбите во болницата и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, како и за пациентите.
Инаку, д-р Бошковска е субспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност таа е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови.
Министерството ѝ се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска, соопштија од таму
Слични новости
Росица Кулакова: Бараме правда за Фросина
Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој друг да не му се повтори, порача денеска Росица Кулакова, сестрата на прегазената девојка на протестот во Кавадарци. Побара одговорност и од таткото на возачот и ид судијката Даниела Алексовска-Стојановска
Филипче: Ја научивме лекцијата од коалицирањето со ДУИ, нема коалицирање за локалните избори
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека партијата научила значајна лекција од коалицирањето со ДУИ
Повеќе полициски акции во тек, вклучен и меѓународен истражен тим
Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдуваат дека во тек се повеќе полициски акции на територија на земјава, но повеќе детали најавуваат по завршување на акциите