Министерот за здравство, Арбен Таравари, потпиша во вторникот решение со кое ја разрешува досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска, која деновиве побара медиумите да не ѝ го спомнуваат името. Таа е разрешена од функцијата, а на нејзино место е назначена професорката д-р Катерина Бошковска.
Оваа одлука веќе пристигнала во болницата, објавија дел од медиумите.
Директорувањето на досегашната директорка која побара медиумите да не ѝ го спомнуваат името беше проследено со серија предизвици, меѓу кои најзначајно беше распаѓањето на бронхоскопскиот оддел, како и меѓучовечките несогласувања во институцијата. Тензиите кулминираа со нејзиното испратено барање до медиумите да не го спомнуваат нејзиното име, иако се наоѓаше на јавна функција.
Со назначувањето на проф. Катерина Бошковска, Министерството за здравство очекува стабилизирање на состојбите во болницата и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, како и за пациентите.
Инаку, д-р Бошковска е субспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност таа е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови.
Министерството ѝ се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска, соопштија од таму
Слични новости
Продолжува судењето за убиствата на Ѓорчевска и Жежовски
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од неделата утрото спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје
Илјадници граѓани денеска во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви од сообраќајни незгоди. Извикувајќи во еден глас граѓаните, меѓу другото, побараа „правда за Фросина“, „правда за жртвите“, „оставка“ и „затвор за Васил“