Министерот за здравство, Арбен Таравари, потпиша во вторникот решение со кое ја разрешува досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска, која деновиве побара медиумите да не ѝ го спомнуваат името. Таа е разрешена од функцијата, а на нејзино место е назначена професорката д-р Катерина Бошковска.
Оваа одлука веќе пристигнала во болницата, објавија дел од медиумите.
Директорувањето на досегашната директорка која побара медиумите да не ѝ го спомнуваат името беше проследено со серија предизвици, меѓу кои најзначајно беше распаѓањето на бронхоскопскиот оддел, како и меѓучовечките несогласувања во институцијата. Тензиите кулминираа со нејзиното испратено барање до медиумите да не го спомнуваат нејзиното име, иако се наоѓаше на јавна функција.
Со назначувањето на проф. Катерина Бошковска, Министерството за здравство очекува стабилизирање на состојбите во болницата и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, како и за пациентите.
Инаку, д-р Бошковска е субспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност таа е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови.
Министерството ѝ се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска, соопштија од таму
Слични новости
Филков ја разреши судијката Алексовска Стојановска од работна група во Министерството за правда
Судијката била дел од работната група која е формирана во декември 2020 година, за измените на Кривичниот законик
Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете
Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска вршат вонреден инспекциски надзор во Општата болница во Струга по смртта на четиригодишното дете на Детското одделение
Aнгеловска-Бежоска: Реформите се важен фактор за привлекувањето странски инвестиции
Реформите, вклучувајќи го и усогласувањето на нашата регулатива и практики со европските, се значаен фактор за привлекување странски директни инвестиции. А странските директни инвестиции во малите економии како нашата вообичаено се еден од двигателите на економскиот раст“, истакна гувернерката на Народната банка