Министерот за здравство Арбен Таравари ги охрабрува сите кои имаат докази и инфорамции да пријават мито во Министерството за здравство, кај него, во полиција или кај директорите во болниците.  Според Таравари, факт е дека постои поткуп во здравството.

Медиумите објавија дека во просториите на Клиничка болница – Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничката болница. Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско. Кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани.

„Добиваме пријави и информации во Министерството за здравство, ги информирраме директорите. Веќе има една акција. Ние го даваме нашиот максиум, вработувања, колективен договор, покачувања на плати, бараме и од медицинскиот персонал да бидат коректни и да ја вршат својата должност како што треба“, изјави министерот.

Рече дека нема да го открие идентитетот на докторот, бидејќи постои презумпција на невиност. Прашан дали треба да му биде одземена лиценцата од Лекарската комора, рече дека секако треба, но за тоа треба да каже претседателката на Комората.

„Имаше пријави и за Хирушките клиники во Скопје, но утврдивме дека немало ништо, дека станува збор за редовна операција. Треба да бидеме внимателни со сите пријави, не држат сите. Имињата ќе бидат објавени откако ќе се констатира нешто. Не сме ние судии и полиција. Ги охрабрувам сите кои имаат докази и информации, да пријават кај мене, во Министерството за здравство, во полиција или кај директорите на болниците со кои сум во секојдневна комуникација“, рече министерот.

globe

Слични новости

„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје

„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје

Илјадници граѓани денеска во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви од сообраќајни незгоди. Извикувајќи во еден глас граѓаните, меѓу другото, побараа „правда за Фросина“, „правда за жртвите“, „оставка“ и „затвор за Васил“

Росица Кулакова: Бараме правда за Фросина 

Росица Кулакова: Бараме правда за Фросина 

Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој друг да не му се повтори, порача денеска Росица Кулакова, сестрата на прегазената девојка на протестот во Кавадарци. Побара одговорност и од таткото на возачот и ид судијката Даниела Алексовска-Стојановска