Министерот за здравство, Арбен Таравари истакна дека рехабилитацијата на децата кои настрадаа во пожарот во дискотеката во Кочани ќе биде долг процес и оти ќе го дадат максимумот последиците да бидат што помали.

-Рехабилитацијата нивна нема да биде со недели, некаде и со недели, меѓутоа генерално ќе биде со месеци. Јас се надевам дека ќе дадеме максимум, меѓутоа овој ќе биде долг процес каде треба да бидеме мирни и да донесеме добри одлуки, бидејќи се работи генерално за деца. Значи, повеќето од лицата се на 15, 16, 20, 22, 23, 25 годишни на кои многу им значи надворешниот изглед. Ние како Министерство за здравство и Влада ќе дадеме максимум од себе за последиците да бидат што помали, барем на овие што преживеале и ќе се вратат во државата ќе треба да живеат нормално, рече Таравари во вечерашното интервју за ТВ21.

Потенцира дека впечатокот на повеќе странски доктори и експерти за изгореници кои се наоѓаат во земјава е дека релативно добро се менаџира состојбата во Клиничката болница, во „8-ми Септември“ и во Општата градска болница. Посочи дека последните два дена тие ги прават тријажите кои се за одење надвор, кои се за останување во државата.

Министерот потенцира дека понудите за лекување на пациентите во странство биле од соседните држави и таму биле испратени најтешките пациенти.

-Понудите што беа за надвор за лекување беа од соседните држави нормално. Однесовме некои во Грција, некои во Софија и неколку пациенти во Србија. И ни се ослободија тие простори така да ги земавме пациентите од Кочани ги земавме во Штип, утредента повторно во понеделникот околу 37 пациенти беа испратени надвор од државата. Тие се најтешките. Првите пациенти што се испратени во Солун, во Софија и во Белград, вели Таравари.

Министерот Таравари истакна дека директорот на кумановската болница во која почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми е разрешен откако Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) констатирал низа неправилности во болницата.

-Има одредени нерегуларности кои што се констатирани од страна на ДЗСИ за кои што директорот требало да внимава и да не се случи тоа, да не дојде до такви настани. Дополнително ќе се испитува и дали има плус лекарска грешка, рече Таравари.

globe

Слични новости

ССМ: На 2. април јавна седница, на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

ССМ: На 2. април јавна седница, на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

Сојузот на синдикатите на Македонија в среда ќе одржи јавна седница на органите и телата на ССМ и органите и телата на синдикатите здружени во ССМ, која ќе почне од пред Работнички дом во 12:05 часот

Димитриеска-Кочоска: Се унапредува процесот на јавни набавки, поголема транспарентност, ефикасност и конкурентност

Димитриеска-Кочоска: Се унапредува процесот на јавни набавки, поголема транспарентност, ефикасност и конкурентност

. Со новата верзија се воведуваат иновативни технологии кои ќе генерираат напредна аналитика на податоци со која ќе се постигне поголема отчетност при трошењето на јавните средства, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.