Министерот за здравство, Арбен Таравари истакна дека рехабилитацијата на децата кои настрадаа во пожарот во дискотеката во Кочани ќе биде долг процес и оти ќе го дадат максимумот последиците да бидат што помали.
-Рехабилитацијата нивна нема да биде со недели, некаде и со недели, меѓутоа генерално ќе биде со месеци. Јас се надевам дека ќе дадеме максимум, меѓутоа овој ќе биде долг процес каде треба да бидеме мирни и да донесеме добри одлуки, бидејќи се работи генерално за деца. Значи, повеќето од лицата се на 15, 16, 20, 22, 23, 25 годишни на кои многу им значи надворешниот изглед. Ние како Министерство за здравство и Влада ќе дадеме максимум од себе за последиците да бидат што помали, барем на овие што преживеале и ќе се вратат во државата ќе треба да живеат нормално, рече Таравари во вечерашното интервју за ТВ21.

Потенцира дека впечатокот на повеќе странски доктори и експерти за изгореници кои се наоѓаат во земјава е дека релативно добро се менаџира состојбата во Клиничката болница, во „8-ми Септември“ и во Општата градска болница. Посочи дека последните два дена тие ги прават тријажите кои се за одење надвор, кои се за останување во државата.
Министерот потенцира дека понудите за лекување на пациентите во странство биле од соседните држави и таму биле испратени најтешките пациенти.
-Понудите што беа за надвор за лекување беа од соседните држави нормално. Однесовме некои во Грција, некои во Софија и неколку пациенти во Србија. И ни се ослободија тие простори така да ги земавме пациентите од Кочани ги земавме во Штип, утредента повторно во понеделникот околу 37 пациенти беа испратени надвор од државата. Тие се најтешките. Првите пациенти што се испратени во Солун, во Софија и во Белград, вели Таравари.
Министерот Таравари истакна дека директорот на кумановската болница во која почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми е разрешен откако Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) констатирал низа неправилности во болницата.
-Има одредени нерегуларности кои што се констатирани од страна на ДЗСИ за кои што директорот требало да внимава и да не се случи тоа, да не дојде до такви настани. Дополнително ќе се испитува и дали има плус лекарска грешка, рече Таравари.
Слични новости
Таравари: Инсистирав партиите од „Влен“ да излезат со посебни листи на локалните избори
Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците кој е дел од Коалицијата „Влен“, Арбен Таравари денеска изјави дека во разговорите инсистирал сите партии од Коалицијата на локалните избори за излезат со посебни листи.
Штипска Апелација за жалбите на Обвинителство за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници ќе одлучува утре
Кривичниот судски совет во штипска Апелација по жалбите на Основното јавно обвинителство за куќниот притвор на двајцата градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев ќе одлучува утр
Седница на ЦО: СДСМ ќе ги искористи сите механизми за обезбедување неселективна правда и одговорност за трагедијата во Кочани
Во однос на внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ, кои беа одложени поради трагедијата во Кочани, Централниот одбор донесе одлука да се одржат на 6-ти април.