Ги минавме првите критични 72 часа без нови смртни случаи, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари на прес-конференција претпладнево.

„Нема починати меѓу оние кои ја преживеаја трагедијата. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и полека-полека да зборуваме колку пациенти си одат дома“, изјави Таравари.

Министерот го даде и последниот пресек на бројките на пациенти во домашните и во странските болници. Како што истакна, во македонските државни болници се третираат 64 пациени, во приватните – 13, а надвор од државата се преземени 101 лице.

За нив рече дека се наоѓаат во релативно стабилна состојба.

За денеска најави дека ќе биде реализиран последниот трансфер на пациенти во странство. Ќе заминат пет лица на лекување во странство од кои две во Шведска.

 

Слични новости

Во притвор 17 лица, уапсен и потписникот на проектот дека дискотеката во Кочани исполнува услови за лиценца

Во притвор 17 лица, уапсен и потписникот на проектот дека дискотеката во Кочани исполнува услови за лиценца

Од сношти во притвор е човекот кој ставил потпис на проектот, според кој, дискотеката ги исполнува сите потребни услови за лиценца за работа. Се сомничи за тешки дела против општата сигурност.