Танкер со 40.000 тони руски дизел под знаме на Малта, отплови за Њујорк по договор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, според податоците од британската аналитичка компанија LSEG.
Танкерот „Агиои Фанедес“ натоварил 40.000 тони дизел во руското балтичко пристаниште Приморск на 22 октомври, а се очекува да пристигне во САД на 7 ноември.
Вицепремиерот на руската влада, Александар Новак, ја објави оваа испорака пред два дена и додаде дека тоа е само првата во серијата испораки.
Путин и Трамп разговараа за испораките на нафтени производи за време на телефонскиот разговор на 9 октомври. Во таа прилика, Путин рече дека Москва е подготвена да испорача нафта и нафтени деривати на САД и на глобалниот пазар.
Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека Русија ги укинува ограничувањата за извоз на дизел порано од планираното и дека би можела да испорача 300.000 тони во октомври, 500.000 тони во ноември и еден милион тони во декември, со можност таа количина да се зголеми на три милиони тони месечно на долг рок.
Слични новости
Инвеститорите оптимистични: Подобрена оценката за актуелната ситуација со германската економија
Расположението на германските инвеститори во август порасна на највисоко ниво, покажуваат резултатите на центарот за економски истражувања Лајбниц. Вредноста на индикаторите што ги мерат економските очекувања во иднина за Германија изнесува 34,2 поени, што е раст од 7,9 поени во однос на јули.
Во Германија банкротирани илјадници компании
Најмногу се погодени транспортот, угостителството и градежништвото. Германските медиуми пишуваат дека бранот банкротирања е последица на повеќегодишната стагнација на германската економија.
Руската нафта сочинувала повеќе од 50 проценти од индискиот увоз на нафта во јули
Увозот на руска сирова нафта во Индија во јули достигна рекордни 50,83 насто од вкупниот увоз на тој енергент, односно 2,47 милиони барели дневно, покажуваат податоците од трговски извори

