Танкер со 40.000 тони руски дизел под знаме на Малта, отплови за Њујорк по договор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, според податоците од британската аналитичка компанија LSEG.
Танкерот „Агиои Фанедес“ натоварил 40.000 тони дизел во руското балтичко пристаниште Приморск на 22 октомври, а се очекува да пристигне во САД на 7 ноември.
Вицепремиерот на руската влада, Александар Новак, ја објави оваа испорака пред два дена и додаде дека тоа е само првата во серијата испораки.
Путин и Трамп разговараа за испораките на нафтени производи за време на телефонскиот разговор на 9 октомври. Во таа прилика, Путин рече дека Москва е подготвена да испорача нафта и нафтени деривати на САД и на глобалниот пазар.
Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека Русија ги укинува ограничувањата за извоз на дизел порано од планираното и дека би можела да испорача 300.000 тони во октомври, 500.000 тони во ноември и еден милион тони во декември, со можност таа количина да се зголеми на три милиони тони месечно на долг рок.
Слични новости
Европската унија мора да ги отстрани пречките за да функционира како единствен пазар
Европската унија има пазар од 450 милиони потрошувачи, но не ги користи во целост неговите предности поради пречките во движењето на стоките и услугите во ЕУ.
Европските индекси во минус, нафтата Брент 93 долари за барел
Европските берзански индекси денеска се главно во минус, а цената на нафтата Брент падна под 93 долари за барел, пред најавената одлука на САД да воведат нови санкции врз Иран.
Трамп ја обвини Канада за огромни давачки, откако пропаднаа трговските преговори меѓу двете земји
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја обвини Канада дека со години наплаќала огромни царини на американските земјоделски продукти и најави дека сега доаѓа крајот на таквата практика.

