Танкер со 40.000 тони руски дизел под знаме на Малта,  отплови за Њујорк по договор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, според податоците од британската аналитичка компанија LSEG.

Танкерот „Агиои Фанедес“ натоварил 40.000 тони дизел во руското балтичко пристаниште Приморск на 22 октомври, а се очекува да пристигне во САД на 7 ноември.

Вицепремиерот на руската влада, Александар Новак, ја објави оваа испорака пред два дена и додаде дека тоа е само првата во серијата испораки.

 

Путин и Трамп разговараа за испораките на нафтени производи за време на телефонскиот разговор на 9 октомври. Во таа прилика, Путин рече дека Москва е подготвена да испорача нафта и нафтени деривати на САД и на глобалниот пазар.

Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека Русија ги укинува ограничувањата за извоз на дизел порано од планираното и дека би можела да испорача 300.000 тони во октомври, 500.000 тони во ноември и еден милион тони во декември, со можност таа количина да се зголеми на три милиони тони месечно на долг рок.

Слични новости

Нафтата надмина 106 долари, европскиот гас се приближи на граница од 80 евра

Нафтата надмина 106 долари, европскиот гас се приближи на граница од 80 евра

Цените на енергентите на светските пазари продолжуваат да растат, а цената на сировата нафта Брент денеска се продава за над 106 долари за барел. Американската лесна сирова нафта ВТИ ја надмина границата од 100 долари и се продава за 101 долар за барел.

Нафтата Брент повторно се доближи на 100 долари за барел

Нафтата Брент повторно се доближи на 100 долари за барел

Цената на нафтата Брент денеска се продава за повеќе од 99 долари за барел, што е највисока цена на нафтата на берзите во последните три месеци. Скокот на цената на нафтата е предизвикан од најновите ескалции меѓу Иран и САД во Ормутскиот теснец.

Квалком и Амазон развиваат чипови за ВИ во центри за податоци

Квалком и Амазон развиваат чипови за ВИ во центри за податоци

Според спогодбата Амазон ќе купува чипови од Квалком во вредност до 60 милијарди американски долари, а од друга страна Квалком му дозволи на Амазон право на купување на акциите на компанијата во вредност од 4 милијарди долари.