Танкер со 40.000 тони руски дизел под знаме на Малта, отплови за Њујорк по договор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, според податоците од британската аналитичка компанија LSEG.
Танкерот „Агиои Фанедес“ натоварил 40.000 тони дизел во руското балтичко пристаниште Приморск на 22 октомври, а се очекува да пристигне во САД на 7 ноември.
Вицепремиерот на руската влада, Александар Новак, ја објави оваа испорака пред два дена и додаде дека тоа е само првата во серијата испораки.
Путин и Трамп разговараа за испораките на нафтени производи за време на телефонскиот разговор на 9 октомври. Во таа прилика, Путин рече дека Москва е подготвена да испорача нафта и нафтени деривати на САД и на глобалниот пазар.
Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека Русија ги укинува ограничувањата за извоз на дизел порано од планираното и дека би можела да испорача 300.000 тони во октомври, 500.000 тони во ноември и еден милион тони во декември, со можност таа количина да се зголеми на три милиони тони месечно на долг рок.
Слични новости
Цената на нафтата надмина 112 долари за барел
Цената на суровата нафта „брент“ утрово се искачи на 112 долари за барел, приближувајќи се до четиригодишниот максимум од 114,44 долари достигнат на 4 мај. Цената на американската сурова нафта ВТИ се искачи на близу 100 долари за барел, највисоко ниво за пет недели.
Во 2027 година цените на авионските билети во Европа би можеле да пораснат за 20 проценти
До 20 проценти би можеле да се зголемат цените на авионските билети во Европа следната година предупредува извршниот директор на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири.
Народната банка на Кина ги задржа каматните стапки на рекордно ниски нивоа
Банката ја задржа каматната стапка на повеќегодишни кредити подолги од пет години која за многу заемодаватели е референтна вредност за хипотекарни кредити на 3,5 насто, што претставува рекордно ниска вредност


