Танкер со 40.000 тони руски дизел под знаме на Малта,  отплови за Њујорк по договор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, според податоците од британската аналитичка компанија LSEG.

Танкерот „Агиои Фанедес“ натоварил 40.000 тони дизел во руското балтичко пристаниште Приморск на 22 октомври, а се очекува да пристигне во САД на 7 ноември.

Вицепремиерот на руската влада, Александар Новак, ја објави оваа испорака пред два дена и додаде дека тоа е само првата во серијата испораки.

 

Путин и Трамп разговараа за испораките на нафтени производи за време на телефонскиот разговор на 9 октомври. Во таа прилика, Путин рече дека Москва е подготвена да испорача нафта и нафтени деривати на САД и на глобалниот пазар.

Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека Русија ги укинува ограничувањата за извоз на дизел порано од планираното и дека би можела да испорача 300.000 тони во октомври, 500.000 тони во ноември и еден милион тони во декември, со можност таа количина да се зголеми на три милиони тони месечно на долг рок.

Слични новости

Растат цените на нафтата и гасот, Брент е над 107 долари за барел

Растат цените на нафтата и гасот, Брент е над 107 долари за барел

Цените на енергенсите на европските и американските пазари продолжуваат со раст и цената на нафтата од типот Брент ја премина границата од 107,50 долари за барел додека европскиот природен гас повторно се приближи на ниво од околу 82 евра за мегават-час.