Танкер со 40.000 тони руски дизел под знаме на Малта,  отплови за Њујорк по договор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, според податоците од британската аналитичка компанија LSEG.

Танкерот „Агиои Фанедес“ натоварил 40.000 тони дизел во руското балтичко пристаниште Приморск на 22 октомври, а се очекува да пристигне во САД на 7 ноември.

Вицепремиерот на руската влада, Александар Новак, ја објави оваа испорака пред два дена и додаде дека тоа е само првата во серијата испораки.

 

Путин и Трамп разговараа за испораките на нафтени производи за време на телефонскиот разговор на 9 октомври. Во таа прилика, Путин рече дека Москва е подготвена да испорача нафта и нафтени деривати на САД и на глобалниот пазар.

Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека Русија ги укинува ограничувањата за извоз на дизел порано од планираното и дека би можела да испорача 300.000 тони во октомври, 500.000 тони во ноември и еден милион тони во декември, со можност таа количина да се зголеми на три милиони тони месечно на долг рок.

Слични новости

Годишната инфлација во еврозоната скокна на 3,8 насто

Годишната инфлација во еврозоната скокна на 3,8 насто

Годишната инфлација во еврозоната според прелиминарните „флеќ“ проценки порасна од августовските 3,2 насто, на 3,8 насто во септември, така што сега е на највисоко ниво за последните три години, објави денеска Евростат.

Американските акции во пад поради растот на приносот на американската обврзница

Американските акции во пад поради растот на приносот на американската обврзница

Индексот „Дау Џоунс“ загуби 142 поени, односно 0,3 насто, додека технолошката берза на акции „Насдак“ остана речиси непроменета, пренесе Си-Ен-Би-Си. Најголема загуба има финансискиот индекс кој загуби 0,5 насто.