Францускиот фудбалер Пол Погба, кој своевремено беше голема фудбалска ѕвезда, се врати во Монако во обид да ја заживее кариерата по суспензијата што ја доби заради користење недозволени супстанци.

Газета дело спорт пишува дека Монако планира да ја раскине соработката со Погба, кој е далеку од потребното ниво. Од враќањето во Монако забележа само три настапи и мина на теренот само 30 минути.

Постојано е повреден, го мачат мускулите и се чини дека нема капацитет да игра фудбал на натпреварувачко ниво.

Погба има договор до летото 2027 но најверојатно Монако многу пред тоа ќе му го раскине договорот.

Слични новости

Јута Џез силно се засили во зимскиот преоден рок за три први пикови на драфтот

Јута со размената го доби високото крило Џарен Џексон -најголемата ѕвезда на Мемфис, заедно со Џон Кончар, Џок Лендејл и Винс Вилијамс, а во Мемфис заминуваат Волтер Клејтон, Кајл Андерсон, Тејлор Хедрикс и Џорџ Нијанг.