На терен се ангажирани голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка, информира Центарот за управување со кризи.
Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење.
Од ЦУК информираат дека во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак.
Слични новости
Македонија, според последните податоци на надлежните, има 52 случаја на западнонилска треска.
До 3 септември се регистрирани вкупно 1.086 случаи во 15 држави, соопшти Европскиот Центар за превенција и контрола на болести. Италија е лидер со 516 случаи, а следува Грција со 284
Колони возила на Богородица
На граничниот премин Богородица има големи колони возила поради продолжениот викенд и за влез во Грција се чека меѓу 1 и пол и 2 часа. Движењето на возилата е забавено и поради фактот што грчките полициски служби повторно го воведоа системот за проверка ЕЕС, кој работи бавно.
Ставен под контрола големиот пожар кој од Преспа стигна до Пелистер
Пожарот што вчера избувна во Преспа и навлезе во Националниот парк „Пелистер“, во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола, информира ЦУК.


